Шпанскиот Seat, член на групата Volkswagen деновиве прославува голем јубилеј

Seat продал 1.000.000 примероци од својот компактен хеџбек Leon од третата генерација, кој е на пазарот од 2012 година. Воедно, Leon е првиот модел на Seat по 30 години кој според продажбата ја надминува познатата Ibiza.

Шпанската алтернатива за Golf својот врв го имаше во 2017 година кога третата генерација на Leon беше продадена на 170.000 примероци, а слични резултати се очекуваат и за оваа година.

Новиот Leon одигра клучна улога во финансиското заживување на Seat, кој во 2012 година беше во загуба од 150 милиони евра, за да минатата година го постигне најдобриот пазарен резултат во историјата со профит од скоро 300 милиони по оданочување.

Најмоќниот пазар за Leon е Германија, со продадени скоро 240.000 единици од 2012 година, па потоа следи Шпанија со 200.000+ примероци. Следува Велика Британија како единствена од останатите која има шестцифрена продажба, а по неа Турција, Франција, Италија, Австрија и Полска.

Од моментот на лансирањето на моделот во 1998 година па досега, Seat има продадено вкупно 2,2 милиони единици. Првата генерација е продадена во 535.000 единици, а втората во 675.000 единици.

Покрај Европа, Leon добро се продава и во Мексико, Мароко, Сингапур и Нов Зеланд.