Дали може да работи? Германците веруваат дека може и го покажуваат концептот на нивниот култен електричен теренец Г-класа – Concept EQG

Сегашната G-класа ја знаеме од 2018 година, не толку одамна кога електричната верзија се уште не беше ни планирана, но со текот на времето, електрификацијата на целата гама го вклучи и култниот Mercedes 4х4.

Како може да изгледа, покажуваат фотографиите од концептот кои ќе бидат претставени на саемот за автомобили во Минхен. Сеуште нема податоци за батериите, моќноста на електричниот мотор или опсегот, но Германците тврдат дека нивната коцкаста теренска икона ќе биде електричен теренец со целосна употреба.

„Каде и да дозволат условите на пазарот, Mercedes-Benz ќе биде подготвен за целосна електрична енергија до крајот на деценијата“, вели Маркус Шефер, член на Управниот одбор на Daimler AG и извршен директор на марката Mercedes-Benz.

Со овој стратешки чекор од „прво електричен“ до „само електричен“, вклучувајќи одржливо производство и CO2 неутрален животен циклус на нашите батерии, ја забрзуваме трансформацијата во иднина со нула емисија на штетни гасови и софтвер. Сакаме да ги инспирираме нашите клиенти да се префрлат на електрична мобилност со привлечни производи. Икона како G-класата совршено ја исполнува оваа задача“, вели тој.

Што добиваме како производ? Визуелно, автомобилот е исто толку коцкаст како и постоечката G-класа со рустикални детали како рачки на вратите и покажувачи на насоката горе на браниците и предните препознатливи тркалезни светла. Концептот е прикажан со странични светлосни ленти и карактеристична маска за моделите од брендот EQ, како што е карактеристичната, исто така, светлечка предна маска со светлечка „ѕвезда“.

Задната врата се отвора класично, а останува и петото резервно тркало. Или така изгледа затоа што кутијата е повеќе правоаголна, па веројатно има кабли за полнење на батериите во внатрешноста. Конечно, концептниот EQG е поставен на тркала од 22 инчи кои се слични на оние кај моделите на Maybach. 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1sKEVCoE-EtNfpjXWL8J7TlFuOILqIX2y” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Се очекува сериското производство да започне во 2024 година, до кога ќе бидат познати сите технички детали. Концептот на електричната верзија се базира на платформата на актуелниот модел со мотори со внатрешно согорување.