Seat претстави plug-in хибридна верзија на својот најголем теренец

Хибридниот Tarraco е прикажан во верзија со спортски пакет FR, кој го краси ексклузивниот дизајн на предната решетка, електрични прилагодливите предни седишта и меморија на позицијата на седење на возачот. Автомобилот има и алуминиумски педали за ножните команди, спортски управувач, мултимедијален систем со екран на допир од 9,2 инчи…

Моделот доаѓа стандардно со 19-инчни FR алуминиумски фелни, а клиентите можат да добијат и поголеми тркала со дијаметар од 20 инчи, се рабира, опционално.

Како и да е, најважната новина кај овој модел е plug-in хибридниот погон во чиј центар е 4-цилиндерски 1.4-литарски турбо-мотор со 150 КС на кој му помага електричен мотор од 115 КС.

Вкупната комбинирана моќност на системот достигнува 245 КС и максимален вртежен момент од 400 Nm, благодарение на што Seat Tarraco FR до стотка стигнува за 7,4 секунди.

Литиум-јонските батерии со капацитет од 13 kWh обезбедуваат доволно електрична енергија за 50 километри само на електрична енергија, без потреба од вклучување на бензинскиот мотор.

Seat Tarraco FR пред публика ќе дебитира на претстојниот саем за автомобили во Франкфурт (12-22 септември), а продажбата ќе започне во 2020 година.