Премиера: Ferrari 296 GTB, првиот патен модел со V6 турбо мотор и електромотор од 830 КС / ФОТО+ВИДЕО
Новиот plug-in хибриден модел е создаден за вистинските ентузијасти на Ferrari, а само на електрична енергија во градска средина ќе може да се вози до 25 километри
По многуте најави, шпекулации и шпионски фотографии, Ferrari го претстави својот прв 6-цилиндерски мотор во еден патен модел од 1970-тите.
Првиот патен Ferrari со V6 мотор е исто така plug-in хибрид и се нарекува Ferrari 296 GTB. Кратенката 296 се однесува на волуменот од 2,9 литри и V6 моторот што дава 296, а GTB значи Gran Turismo Berlinetta, или спортски автомобил со две седишта според класификацијата на Ferrari.
Надворешните димензии на Ferrari 296 GTB се малку помали од оние на F8 Tributo, а под задниот капак има моќен хибриден погонски агрегат во кој силата истовремено ја испорачува новиот турбо бензински V6 мотор од 663 КС и електромотор од 167 КС за вкупно 830 КС и максимален вртежен момент од 740 Nm.
Овие исклучителни бројки зборуваат и за рекордната специфична моќност на бензинскиот мотор (221 КС/литар), што е најдобар резултат кај сите сериски автомобили. Максималната брзина е 330 km/h, забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,9 секунди, а од 0 до 200 km/h само 7,3 секунди.
За споредба, Ferrari 296 GTB го надминува единствениот постоечки суперавтомобил со V6 plug-in хибриден мотор, McLaren Arturа со „само“ 680 КС, па дури и поголемиот Ferrari F8 Tributo со V8 twin-turbo мотор со 720 КС.
Доволно е да се каже дека 296 GTB моментално е на второто место меѓу најмоќните патнички Ferrari модели, на исто ниво со моделот 812 Competizione, а само SF90 Stradale со 1000 КС е побрз и помоќен.
Моќниот 2.9-литарски twin turbo V6 мотор има невообичаен агол од 120 степени помеѓу двата реда цилиндри, решение што го намалува тежиштето на автомобилот и им овозможува на двaтa турбополначи IHI да се вклопат покомпактно меѓу нив. Овој мотор на Ferrari е дизајниран и развиен од нула за Ferrari 296 GTB. Со вкупна моќност од 830 КС и сува тежина од 1.470 кг, Ferrari 296 GTB е позициониран на врвот во категоријата суперавтомобили со сооднос маса / моќност од 1,77 кг / КС.
Дефинитивно, за разлика од другите нови модели како Roma кој е Gran Turismo Coupe, насочен кон проширување на клиентелата, новиот 296 GTB е наменет за оние клиенти на Ferrari кои бараат многу, односно оние кои го бараат најдоброто во однос на возењето.
Поради оваа причина, покрај исклучителниот сооднос тежина / сила, најголемо внимание се посветило на распоредот на елементите и распределбата на масaтa. Батериите се наоѓаат во подот, центарот на гравитација е 10 mm понизок од оној на SF90 Stradale, а погонскиот систем има намалена висина, благодарение на поширокото V растојание помеѓу цилиндрите од 15 mm.
Во однос на изгледот, виден од напред, линиите на SF90 Stradale дефинитивно ги воделе дизајнерите на Ferrari во создавањето на 296 GTB, а краткото меѓуоскино растојание (2,60 метри) и должината од 4,56 метри ја прават најкомпактната Berlineta во последната деценија.
Двоседот e инспириран и од познатиот Ferrari 250 LM од 1963 година, особено во однос на изгледот на задниот крај и крајот на задната решетка на покривот, додека од моторот можете да се воодушевувате преку про транспарентниот капак.
Во кокпитот на Ferrari 296 GTB пречекува целосна дигитализација, како во моделот SF90 Stradale, а дополнителниот екран пред сопатникот продуцира дел од информациите од главниот екран.
За управување со хибридниот погонски систем, на воланот има прекинувач „eManettino“ кој овозможува да изберете помеѓу четири режими на работа.
Со функцијата eDrive, се возите само на електричен мотор до 135 km/h (25 километри), а хибридниот режим на работа на системот е најефикасен помеѓу користење електричен и термички мотор. За да се постигнат максимални перформанси постои и можност за избор на режим на работа кој секогаш V6 моторот го остава активен, кој пак ја полни батеријата за секогаш да биде на располагање целосно моќноста на двата мотори.
За оние кои сакаат уште повеќе, тука е верзијата Assetto Fiorano, дизајнирана за употреба на патека со 15 кг помалку тежина и оптимизирана аеродинамика, а моделот го карактеризираат Multimatic амортизери преземени од GT трките, карбонски аеродинамички додатоци, осветлени панели на вратите, ултралесен заден прозорец Lexan и гуми Michelin Sport Cup2R.
Опционално Ferrari 296 GTB е достапен во бои инспирирани од моделот 250 Le Mans со контрастна боја на предната страна, покривот и „опашката“.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1LieLZ8aZefhrMfRdPQDEO4dgG55A4fBO” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Цените на Ferrari 296 GTB во Германија започнуваат од 269.000 евра за „стандардната“ верзија, а достигнуваат 302.000 за варијантата Assetto Fiorano, која вклучува различни технички надградби. Испораките во Европа ќе започнат во првиот квартал на 2022 година.