Стратегија предвидува чешката марка да заземе позиција меѓу петте првопласирани во Европа, со достигнување удел од 50 до 70 проценти со електричните автомобили, во вкупниот број продадени возила до 2030 година

Најавите во никој случај не се скромни, а Škoda очигледно пука на големо. Чешкиот производител планот го нарекува Strategy 2030 (Стратегија 2030), дефинирајќи три клучни зборови во него: „проширување“, „истражување“ и „ангажман“. Аспирациите се шират на повеќе фронтови, почнувајќи од меѓународниот, каде експанзијата доаѓа до израз. Потоа доаѓа целта да етаблира во еден од петте водечки брендови во Европа и на крајот, дефинитивно како клучен производител од Стариот континент, но на пазарите во Индија, Русија и Африка.

Сепак, сите сериозни аналитичари веќе ја гледаат Индија како „идна Кина“, односно како земја во која побарувачката наскоро ќе експлодира. Škoda смета на моделот Kushaq, како прв модел направен одделно според вкусот на хиндусите.

Ако мислите дека целите поврзани со глобалните перформанси се големи, тогаш тие се уште поамбициозни за Европа. Како што рековме, Чесите сакаат да бидат во Топ 5, а за да успеат ќе мора да го размрдаат патронскиот VW, но и да ги надминат Renault, Mercedes, Peugeot или пак Ford и Toyotu. Škoda веќе е рамо до рамо со последниот споменат дует, но заостанува зад Peugeot и Mercedes за околу 100 илјади единици, додека Renault води за околу 200 илјади единици.

Мало изненадување е најавата за лансирање на три нови чисто електрични модели во гамата на брендот поставени под Enyaq. Škoda, која има двојна цел најмалку 50% од продажбата да биде батериски возила и да го зголеми бројот на испораки, нема да има друг избор освен да понуди покомпактни и подостапни електрични возила од гореспоменатиот Enyaq. Затоа и може да се претпостави дека ќе биде лансиран еквивалент на моделот на патронот – Volkswagen ID.2, како и некои други.

Сè станува уште потешко да се направи ако целта е да се постигне стапка на деловен профит од 8%. Тоа е една од најсилните стапки на профит во групата VW, тука некаде како Audi, или дури и подобро од тоа. Со понатамошни значителни инвестиции кои ќе се насочат кон развој на електромобилноста и трансформација на возниот парк, менаџерите ќе мора добро да се испотат за да ги одржат маргините на тоа ниво, зголемувајќи го обемот на продажба, што можат да го направат само со привлекување нови клиенти.