Audi ja откри редизајнираната верзија на својот спортски караван

Audi RS4 од 2020 година презел некои стилски детали од најновата генерација на RS6 Avant, а најзабележителните измени надворешно гледано се се редизајнираните LED фарови со опционална Matrix LED технологија.

Рестилизиране е и решетката на ладилникот, која сега е малку поширока од претходно, а од Audi велат дека лаковите над тркалата се 30 мм пошироки споредено со стандардниот А4 Avant. Кога станува збор за задниот дел од моделот, дискретно се редизајнирани стоп-светлата и браникот со дифузерот.

Во внатрешноста, доминира централно поставениот 10,1-инчен екран на MMI мултимедијалниот систем на Audi, а тука е и целосно дигитализирана табла со инструменти. Впечатливиот спортски управувач е обложен со алкантара.

Моторизацијата е непроменета, така што Audi RS4 Avant моќноста ја добива од 2.9-литарски twin-turbo V6 бензинec со 450 КС (331 kW) и 600 Nm, благодарение на што автомобилот од 0 до 100 km/h забрзува за 4,1 секунди.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Продажбата во Европа започнува во октомври по препорачана цена од 81.400 евра, а првите испораки ќе бидат во декември оваа година.

Loading...