Најевтиниот автомобил на Tesla бележи одлични продажни резултати во Европа, а сега покрај Норвшка е најпродаван и во Холандија

Минатиот месец, во Холандија, Model 3 е продаден во 5.768 единици што е скоро четири пати повеќе отколку во август. Гледајќи на годишно ниво, во Холандија, од февруари заклучно со септември, се продадени вкупно 13.991 автомобили од Model 3.

Продажбата на електрични автомобили е во пораст во Холандија од неколку причини. Првенствено заради даночните олеснувања и други придобивки што ги нудат градовите во оваа земја, како што е бесплатен паркинг, бесплатно полнење на возила …

Локалните медиуми очекуваат дека продажбата на Model 3 значително ќе опадне откако Volkswagen ID3 ќе пристигне на пазарот пред се заради разлика во цената. Основниот Model 3 во Европа чини 43.390 €, додека ID.3 треба да има почетна цена од 30.000 евра.