Првиот SUV модел на британскиот бренд официјално претставен

Aston Martin овој модел го најавуваше не само како суштински автомобил, туку и како потенцијална пресвртна точка за овој производител. Дали е така, ќе покаже времето.

Под хаубата се наоѓа 4.0-литарски V8 твин-турбо мотор, кој управува и со моделите Vantage и DB11. Во DBX, овој мотор развива 542 КС и 700 Nm. Моќта на сите тркала се пренесува преку деветстепен автоматски менувач.

Преведено во перформанси, првиот SUV на Aston Мartin до 100 km/h стигнува за само 4,5 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 291 km/h. Британците истакнуваат дека нивниот предводник во гамата е опремен со најнова технологија, при што се истакнуваат активниот систем на издувни гасови и деактивирање на цилиндрите.

Во салонот, Aston Martin користел материјали со највисок квалитет. Се заради луксуз и ексклузивност. Иако моделот не е наменет да „превезува“ багаж и предмети, не е дека не може да го стори тоа, бидејќи DBX има дури 832 литри корисен волумен во багажникот. Ако ги преклопите седиштата, таа бројка оди до 1.540 литри.

На средишната конзола се наѓа дисплеј со дијагонала од 10,25 инчи, додека инструмент табла е со 12,3 инчи, целосно дигитална.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1b0TSTgQ7bAZ7FtpRZ8lcAcGE0uBnEmZ-” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

За да го поседуват целиот тој луксуз и ексклузивност се разбира треба и добро да платите. Aston Martin најави дека почетната цена на овој модел во Германија ќе изнесува околу 195.000 евра.