Војната околу еколошките стандарди, што се води меѓу Калифорнија и американските федерални власти, влезе во нова фаза кон крајот на минатата недела, откако властите во Калифорнија најавија замрзнување на купување на автомобили од страна на некои реномирани производители

Локалниот гувернер, Гејвин Њусом, изјвави дека ќе престане да купува нови автомобили за службени цели доколку тие доаѓаат од GM, Toyotа, FCA и некои други.

Причината е што сите овие автомобилски имиња изразија поддршка за Доналд Трамп, во неговото настојување да ја елиминира независноста на Калифорнија кога станува збор за поставување на сопствени еколошки стандарди. Според гувернерот Њусом, забраната за овие брендови ќе започне во јануари 2020 година.

Доколку оваа сојузна држава ги реализира своите закани, тоа ќе им наштети на приходите на спорните компании. Од 2016 до 2018 година, Калифорнија купила автомобили во вредност од над 100 милиони долари од GM, Toyotа и FCA. Од потрошувачка гледна точка, оваа сојузна држава држи над 10% од вкупната продажба на автомобили во САД.

Одделот за општи служби во Калифорнија (DSG) одлуката ја објавил на 15 ноември и во неа се вели дека „ќе бара од државните агенции, почнувајќи од 1 јануари 2020 година, да купат автомобили од производители кои го признаваат CARB (Калифорнискиот одбор за воздушни ресурси) авторитетот за утврдување стандарди за емисии на штетни гасови.

Покрај тоа, od DSG велaт дека ќе се забрани, со влегување во сила на одлуката, „набавка на седани од државните агенции кои работат исклучиво со SUS мотори, со исклучок на одредени возила важни за јавната безбедност“.

Несогласувањата меѓу локалната и сојузната влада се засилија во септември, кога претседателот Трамп објави дека неговата администрација „ќе го стави вон сила калифорниското непочитување на федералниот закон во врска со емисиите на издувни гасови за да им овозможи на купувачите да купат многу поевтини автомобили“.

На Калифорнија и е дозволено да поставува свои независни еколошки стандарди уште во 1960-тите години, откако овој регион, особено Лос Анџелес, имал големи проблеми со смогот.