Прелиминарни детали: Volkswagen Passat за 2019 година
Редовната рестилизација во средината на животниот циклус треба да му помогне на Passat да биде првиот модел во сегментот што ќе ја пробие бариерата од 30 милиони продадени копии
Сегашната ситуација со Passat е малку збунувачка, бидејќи постојат три верзии во зависност од регионот. Новитетот е лансиран во Кина и лежи на платформата MQB, додека идниот Passat со американски спецификации има стара архитектура. Европската верзија, пак, се подготвува за редовно освежување.
Се разбира, европската варијанта е префрлена на MQB платформата уште во 2015 година, со лансирањето на осмата генерација. Компанијата од Волфсбург вели дека прави промени во фабриката во Емден, Германија, за истата да биде подготвена за производство на рестилизираниот Passat. Со само малку објавени детали, од Volkswagen велат дека ќе продолжат да го продава автомобилот во седан и караван верзија, заедно со познатиот опсег на мотори, вклучувајќи и plug-in хибрид.
Моделите со ознака GTE во чисто електричен режим на возење засега имаат непозната автономија, која кај моделот во заминување е 50 километри, но базирано на стариот, прилично несигурен и премногу оптимистички циклус на NEDC. Она што може да се дознае е дека рестилизираниот модел ќе се разликува од стариот по „нови технологии во областа на погонот, потоа осветлувањето, системите за асистенција и инфо-забавната технологија“.
Овие новини треба да придонесат за достигнување бројка од 30 милиони продадени единици. По 45 години на пазарот, Passat е испорачан во повеќе од 29 милиони копии ширум светот и е само прашање на време кога ќе ја достигне „магичната“ бројка. Тоа ќе биде првиот модел во сегментот кој ќе успее да дојде до ваков резултат и на тој начин ќе се зацврсти на второто место по продажба зад Golf, која е испорачан во 35 милиони единици.
Официјалната премиера пред публика се очекува на саемот во Женева во почетокот на март следната година.