Нивото на безбедност е значително проширено, а веќе основната верзија вклучува и активна помош при сопирање во итни случаи, функција за итен повик (СОС) и кратки LED светла

Клучното прашање кое се поставува за новата Dacia Sandero е колку ќе чини? Деновиве се објавени цените во Германија, а можеби најважната вест е зголемувањето од 1.200 евра за основниот модел. Имено, новиот Sandero Access SCe 65 во Германија ќе чини 8.490 евра, а претходната генерација чинела 7.290 евра. Почетниот Sandero Stepway во Германија ќе чини 11.390 евра, а доаѓа со турбо бензински мотор (0,9 l) со 91 КС.

Во стандардниот модел има инсталирано радио со интегриран држач за паметни телефони. Нивото на безбедност е исто така значително проширено и веќе основната верзија вклучува активна помош при сопирање во итни случаи, функција за итен повик (СОС) и кратки LED светла. Тука влегуваат и електричен серво управувач прилагодлив по висина, електрични прозорци за возачот и совозачот… Stepway сериски доаѓа со алуминиумски тркала.

И на крај, Sandero е најпродаваниот модел за физички лица во Европа со повеќе од два милиони примероци од 2004 година до денес.