Plug-in хибридниот погон е резервиран за врвниот модел, кој ќе располага со 240 КС (179) и погон на сите тркала

Благодарение на полскиот портал Spider’s Web Autoblog, некои информации за новиот SUV на Alfa Romeo под име Tonale се откриени и пред да биде планирано. Спецификациите се од внатрешната презентација.

Во однос на големината, Alfa Romeo Tonale ќе има меѓуоскино растојание од 2.636 mm што е иста платформа како и Jeep Compass. Tonale ќе биде долг 452,8 cm, што е компактна димензија и е за 15 cm помал од Stelviо.

Бензинските варијанти ќе бидат со турбо полнач, а моторот со четири цилиндри доаѓа со 130 КС или 160 КС (лесна хибридна технологија). Ќе биде поставен и 1.6-литарски дизел мотор со 130 КС. 

Plug-in хибридниот погон е резервиран за врвниот модел, кој ќе има 240 КС (179) и погон на сите тркала, благодарение на електричниот мотор поставен на задната оска. Се проценува дека електричниот досег би можел да биде околу 50 километри.