Позната брзината на новиот Koenigsegg / ВИДЕО
Koenigsegg станува кошмар за Bugatti
A кошмарот има и име – Koenigsegg Jesko Absolut. Од компанијата велат дека е толку брз што никогаш нема да се произведе побрз автомобил. Ова за Top Gear го потврдува Кристијан вон Кенигсег и објаснува што тоа значи.
Додека специјалниот модел на Bugatti е направен да оди до 483 km/h, овој ќе оди многу побрзо.
„Тој е повеќе од доволно брз. Ние всушност и не сакаме да произведеме ништо побрзо. Били кога“, вели првиот човек на Koenigsegg.
Колку всушност може да развие Koenigsegg Jesko Absolut. Кристијан вели:
„Многу, многу над 500 km/h“.
Сепак сеуште е нејасно кога Koenigsegg планира да го сруши рекордот. Тука во Koenigsegg не се премногу оптимисти:
„Тоа е тежок процес во кој треба да се стигне до надлежните власти и полицијата, да се обидеме да затвориме делница од квалитетен пат. Тоа може да потрае, година, две, три…“.
Како потсетување, Koenigsegg Jesko Absolut се придвижува со 5.0 V8 twin-turbo кој испорачува 1.600 КС. Коефициентот на отпор на воздухот е 0.278.