Кросоверот ќе биде редизајниран и претставен следната  пролет

Премиерата на новата генерација на Kia Spotage е повторно одложена. Истата првично беше предвидена за првата половина од оваа година, за да се помести за втората половина, но и тоа нема да се случи. Премиерата е преместена за пролетта 2021 година. Одлуката е на новиот претседател на Управниот одбор на Hyundai Motor Group – Аиcун Чунг, пренесува Korean Car Blog.

Според информациите, новиот шеф на корејскиот производител се сретнал со дизајнерите и инженерите кои работат на автомобилот и одбил да se правaт какви било компромиси со цел да го забрза процесот на подготовка и претставување на моделот во предвидениот рок. Чунг лично инсистирал на одложување на премиерата, што ќе овозможи време да се подготви производ со беспрекорен квалитет.

Наводно, токму дизајнот на новиот Sportage е причината за оставката претходно оваа пролет на главниот дизајнер на Hyundai Motor Group – Лук Донкерволке. Тој лично го развил дизајнот на новиот Sportage, а неговото заминување се должи на несогласувања со раководството по ова прашање.

Познато е дека следниот Sportage платформата на која ќе биде поставен ја дели со неодамна прикажаниот Hyundai Tucson, исто како и моторната гама. Се очекува Kia да понуди и верзија со зголемено растојание помеѓу двете оски. Тест прототип на оваа варијанта неодамна беше снимен во Јужна Кореја.