Повеќе од 30 возила на автопат истовремено завршиле со дупнати гуми / ВИДЕО
Се претпоставува дека причината за овој необичен настан не е некаков криминален чин.
Инцидентот се случил на автопатот 405 во близина на Mulholland Drive во Лос Анџелес кога биле снимени серија возила во лентата за застанување. На сите возила во исто време им биле дупнати гуми, а како што покажува видеото, многумина се обидуваат сами да се снајдат, односно оние со само една дупната гума.
Како што дознава „Ewitness News“, 36 возила биле оневозможени и привремено исклучени од сообраќај. Добрата вест е што немало сообраќајна несреќа и дека нема повредени.
Калифорниската полиција претпоставува дека се работи за случајна несреќа, поради која, многу веројатно, дека „во сообраќајот од камион испаднала кутија со клинци или некои дрвени парчиња“. Со тоа не се сложуваат некои гледачи на видеото, па така еден техничар вработен во вулканизерска работилница се пожалил дека шефот еднаш му наредил да земе грст клинци и да ги фрли низ прозорецот.
Повеќе ќе се знае по истрагата, но во секој случај, ова е добра порака за секој кој сака да се трка на автопат. Дупната гума при големи брзини не е пријатна ситуација, затоа бидете внимателни. Ова особено важи за мотоциклистите кои се уште почувствителни на вакви околности и за кои дупната гума редовно значи сообраќајна несреќа со често тешки последици.