Пропустите на Маркионе и неговата администрација кога станува збор за пензионирањето на Punto и Grande Punto ќе ги коригираат Stellantis и Карлос Таварес

Таварес потврди дека Fiat ќе лансира наследник за Punto во 2023 година, иако сеуште уште не е јасно дали тоа ќе биде нова генерација или целосно нов модел.

Првиот човек на Stellantis не сака да дава повеќе детали за идниот адут на Fiat меѓу субкомпактите, но нагласува дека тоа ќе биде првиот модел на таа марка кој ќе користи една од заедничките платформи на новоформираниот ентитет.

Се верува дека тоа ќе биде CMP платформата, бидејќи повеќето возила на Stellantis од оваа пазарна ниша ќе се потпрат на неа. Веќе се користи со голем успех за Peugeot 208 и 2008, потоа моделите на Opel, Corsa и Mokka, а и новата генерација на Citroen C3 ќе ја користи гореспоменатата основа.

Платформата CMP ќе му овозможи на Fiat да понуди целосно електрично издание на моделот, што е многу важна работа за следниот период на се поинтензивна електрификација.

Се поставува прашањето за изгледот на автомобилот, а некои италијански експертски портали веруваат дека дизајнерите ќе го следат концептот на Centoventо од 2019 година. Преведено, тоа би значело кубни форми, слични на она што може да се види кај Panda.

Mистерија е и тоа каде ќе се произведува овој хечбек од Б сегментот… Познато е дека некогаш се произведуваше и во фабриката во Крагуевац, Србија.