Ferrari во второто тромесечје од оваа година испорачал 2.685 автомобили, односно двојно повеќе од минатата година или 0,5 проценти повеќе отколку во годината пред пандемијата.

Нето добивката изнесува 1.035 милиони евра, што е двојно повеќе од минатата година и е пораст од пет проценти во споредба со 2019 година.

Ferrari се враќа на нивото пред пандемијата, со нарачки што достигнале рекордно ниво во јуни. Продажбата на моделите со 8 цилиндри (V8) се зголемила за 111,2%, додека кај моделите со 12 цилиндри (V12) порастот бил 37,6%.

Претседателот на компанијата, Џон Елкан, вели дека успехот потврдува дека деловната формула на Ferrari е уникатна.

„Секое Ferrari што го презентираме поставува нови стандарди за иновација, убавина и уникатност и е основа на вистинскиот луксуз“, вели Елкан.