Иако од Ferrari постојано негираа дека се подготвуваат смени на клучните позиции во Formula 1 тимот, сепак до смена дојде – Матија Биното доаѓа на местото на Маурисио Аривабене

Mattia Binotto (ITA) Ferrari Chief Technical Officer и Maurizio Arrivabene (ITA) Ferrari Team Principal, март 2018 година

Аривабене ќе биде заменет од Матија Биното, која до сега беше шеф на техничкиот тим. Ferrari имаше солиден старт во 2018 година и се чинеше дека може да ја прекине доминацијата на Mercedes и Луис Хамилтон, но тоа не се случи. Токму тоа е причината за смената.

Биното должноста ја презема веднаш, а во соопштението од тимот се вели дека одлуката била донесена по долги разговори. Членовите на тимот директно ќе му одговараат на Биното за сите технички прашања.

Исто така, се наведува дека Биното има многу знаење во сите технички аспекти на работното место, но дека ќе му требаат совет во однос на комерцијалниот дел. Повеќе пати е спомнато дека Биното потсетува на Рос Брон, уште еден инженер кој станал менаџер и шеф на тимот.

Добро информирани извори велат дека претседателот на Ferrari, Џон Елкан, верува дека Биното е вистинската личност за Ferrari во 2019 година. Италијанскиот весник Gazeta Sport вели дека грешките во управувањето и водењето на трките биле главната причина за поразот од Мерцедес, иако болидот бил навистина побрз во неколку наврати.