Porsche очекува оваа година да лансира дизел верзија на новата генерација на Cayenne

Дизел погон се разгледува и за помалиот Macan, вели висок претставник на Porsche, негирајќи ги неодамнешните извештаи дека Cufenhauzen ја напушта оваа технологија.

„Ние не кажавме дека се откажуваме од дизелот“, вели шефот за продажба на Porsche, Детлеф фон Платен. „Во моментов, процесот на планирање предвидува дизел мотор за Cayenne и евентуално за Macan. Што се однесува до SUV моделите, дизел-моторот е целосно рационален, бидејќи во овој сегмент потрошувачите сакаат висок вртежен момент и добра автономија“.

Porsche дебитираше со новиот Cayenne на последниот IAA Салон за автомобили во Франкфурт. Macan рестилизација ќе добие оваа година, на почетокот на втората половина од својот животен циклус. Новата генерација на Macan, која најверојатно ќе стапи на сцената во 2021 година, се очекува да добие комплетен електричен третман. Porsche неодамна ја удвои инвестицијата во петгодишниот план за развој на електричен погон до шест милијарди евра.

На прашањето кога Cayenne со дизел погон би можел да стигне до европскиот пазар, фон Платен вели: „Веројатно оваа година“.

Сепак и Фон Платен ја намалува важноста на дизелот на Porsche, посочувајќи дека компанијата ниту произведува ниту развива дизел мотори, туку тие доаѓаат од Audi.

„Дизелот никогаш не беше исклучително релевантен за нас. Само околу 14 отсто од 246.000 возила што ги продаваме на глобално ниво се дизел“, вели Платон, кој гледа поголем потенцијал во електрифицирањето на гамата.

„Гледаме огромна побарувачка за plug-in-хибриди, особено кога станува збор за новите генерации, чија автономија чисто на електрична енергија е зголемена на 50 километри од 36. Тоа игра важна улога“.

По интегрирање на Porsche во VW групата во 2008 година и промените во управувањето што следеа, производителот од Cufenhausen силно се спротивставуваше на дизелот. Сепак, првиот дизел се појави веќе следната година во моделот Cayenne.