Претставувањето на Huawei P20 и P20 Plus (или Pro) сигурно ќе помине без изненадувања за оние кои секојдневно ги следат настаните во мобилната индустрија, бидејќи информациите стигнуваат секојдневно

Насловот „See mOOOre with AI“ укажува на три задни камери, но неодамна се појавија рендери на кои јасно се гледаа две, па дојде до забуна. Објаснување, се разбира, има.

Стандардниот P20 ќе има две задни камери, сосема вообичаена конфигурација во моментов, а P20 Plus е оној кој ќе се пофали дури со три камери. Како доказ во прилог рендерите кои изгледаат убедливо и доаѓаат од докажан извор. Што се однесува до комбинацијата на три камери, ништо не е сосема сигурно, но се шпекулира дека една od важните карактеристиките ќе биде моќниот зум.