Извесно време, бензинскиот и електричниот модел ќе коегзистираат

Станува збор за бестселерот на Porsche, Macan. На некој начин, тој го симболизира духот на времето. Моделот 911 не е тоа што клиентите најмногу избираат, напротив, тоа е кросовер, и тоа модел кој наскоро ќе биде целосно електрифициран. Зошто? Живееме во ера кога електрификацијата на автомобилите се движи со брзо темпо. Тоа е всушност и причината зошто Porsche ќе започне со електрификација на Macan веќе следната година.

Сепак, тој нема да биде единствениот во понудата. Барем уште неколку години, клиентите ќе можат да го добијат и конвенционалниот модел заедно со електричниот автомобил. Неименуван извршен директор на Porsche вели дека двете верзии ќе коегзистираат најмалку три години. Како и да е, според друг неименуван извор, тој временски распоред би можел да биде флексибилен, што се толкува како излезна стратегија во случај на неуспех на електричниот модел.

Ова е дефинитивно интелигентна стратегија, особено ако технологијата на батерии и времето за полнење не напредуваат значително во овој период. Macan штотуку е обновен за 2019 година, а следната генерациј асе очекува во 2021 година и доаѓа со електричната верзија. Кога тоа ќе се случи, Porsche, наводно, ќе го унапреди стандардниот Macan, но тоа нема да биде чист одраз на EV роднината. Ова ќе помогне двата модела да се разликуваат, барем за период од три години.

Колку се важни SUV / кросовер моделите за Porsche? На пример, во 2019 година германскиот производител продал двојно повеќе модели со зголемен клиренс, отколку традиционални модели, од кои 22.667 се однесувааат на Macan.