Tesla Model 3 или Porsche Taycan Turbo? Кој е подобар? Кој се полни побрзо?

Porsche има капацитет од 270 kWh, а неговата батерија од 5 до 80 проценти за време на тестот спроведен од германскиот Nextmove се наполнила за 22,5 минути, а од 1 до 80 проценти за само 21 минута.

Во споредба со Model 3, ова бilo многу добро, бидејќи моделот на Tesla од 3 до 80 проценти се наполнил за 29 минути. На суперполнач од 250 kWh, Tesla Model 3 од 0 до 80 проценти се наполнил за 24,5 минути.

Nextmove направил и споредба колкава автономија би имале автомобилите по час полнење, па така Tesla би поминала 550 километри, додека Porsche 717 километри. Ако моделот на Tesla се полнел преку V3 супер-полнач, ќе достигнел 651 километри по еден час полнење.

За полнење од 0 до 50 проценти, моделот на Tesla се покажал малку подобро од моделот на Porsche, откако стигнал до 905 километри по час полнење, а Porsche до 856 километри.

Loading...