На почетокот од следниот месец, на авто салонот во Женева, свое деби ќе има моделот Fisker Ocean

Овој електричен SUV во производство ќе влезе до крајот на следната година и се очекува да биде долг околу 4,6 метри и широк околу 1,9 метри, додека висината ќе биде околу 1,6 метри. Според најавите се одликува и со најпространиот ентериер во класата, голем екран чувствителен на допир, дигитална инструмент табла, head-up екран и два бежични полначи. Исто така, ќе бидат достапни и тркала од 22 инчи, соларни панели на покривот и автономни можности.

Според информациите, кога следната година ќе пристигне во продажба, овој автомобил ќе биде ривал на Tesla Model Y, кој ќе почне да се произведува во текот на 2020, но и електричниот кросовер на Ford, Mustang Mach-E, кој дебитираше кон крајот на 2019.

Fisker објави дека Ocean е во состојба да забрза од 0 до 60 милји на час (0-96 km/h) за само 2,9 секунди, а купувачите ќе можат да бираат меѓу конфигурации со погон на две или на сите четири тркала. Електричната енергија се собира во батерии со капацитет од околу 80 kWh, кои на Fisker Ocean ќе му овозможат да мине и до 482 километри, пред истите да се испразнат.

Како што е најавено, електричниот SUV пристигнува во продажните салони кон крајот на 2021. година, а основната верзија би требало да чини од 37.499 долари, без пресметани субвенции, додека со нив цената би паднала на 30.000 долари.