Осум месеци по премиерата на 911 Carrera S (992) доаѓа базната верзија во Coupe и Convertible варијанта

„Обичната“ Carrerа се придвижува со 3.0-литарски 6-цилиндерски „боксер“ мотор со 385 КС и 450 Nm вртежен момент. Моќноста на задната оска се пренесува преку 8-степен автоматски менувач со двојна спојка (PDK).

Најголема визуелна разлика во однос на Carrera S, која има 65 КС повеќе, е двoјниот издувен систем.

Carrera во Coupe верзија до 100 km/h забрзува за 4,2 секунди, додека отворената верзија е за 0,2 секунди побавна. И двете варијанти за 0,2 секунди се побрзи со пакетот Sport Chrono. Максималната брзина на купе верзијата е 293 km/h, а на кабриолет верзијата 291 km/h.

Основната Carrera доаѓа со прилагодливи амортизери, интелигентен систем за сопирање што препознава влажни површини, а тука се и карбон-керамичките сопирачки на тркалата поставени на фелни од 20 и 21-инчи.

Почетната цена на Porsche 911 Carrera Coupe во Германија е 105.655 евра, а на кабриолет верзијата 118.935 евра.

Loading...