Од Риселсхајм посочуваат дека шестата генерација на Corsa е најaеродинамичниот автомобил во класата на супермини автомобили

Благодарение на коефициентот на отпор од 0,29 и предниот дел со површина од само 2,13 метри квадратни, што е значително помалку од претходната генерација, новата Corsa е способна да ја намали потрошувачката на гориво и емисиите на штетни гасови на нови рекордно ниски нивоа.

Дизајнерите и инженерите на Opel постигнале конфигурација на низок отпор со интегриран пристап. Долниот дел од каросеријата од моторот до задната оска е покриен со рамни плочи, кои го подобруваат протокот на воздух под автомобилот.

Кровниот спојлер го подобрува протокот на воздух и ги намалува воздушните турбуленции со што Corsa станува постабилна и полесна за управување.

Другата „тајна“ за аеродинамичката ефикасност на Opel Corsa лежи во активната решетка на предната маска. Порано дизајнирана за скапи автомобили од повисоките сегменти, таа го намалува притисокот и ја зголемува горивната ефикасност со автоматско затворање на предниот отвор кога е најмалку потребен воздух за ладење.

Кога е затворена, решетката го пренасочува протокот на воздухот околу предниот дел на возилото и од страните, наместо преку моторниот простор. Одлуката за отворање / затворање на вентилот се донесува автоматски.

Новата Opel Corsa на пазарот ќе се појави во текот на 2020 година.