Додека светот сè уште се восхитува на првиот електричен хиперавтомобил на Lotus, британската компанија ја претстави замената за моделите Evora 400 и Evora Sport 410 со V6 мотор

Evora GT под хаубата носи Toyota 3.5-литарски V6 агрегат кој со помош на механички компресор генерира 416 КС и 430 Nm.

Со поголемата моќност, Evora била подложена на „диета“, па така автомобилот со тежина од само 1.408 килограми до „стотка“ стигнува за 3,8 секунди со максимална брзина од 303 km/h.

Моќноста на задната оска се пренесува преку стандарден 6-степен мануелен менувач, а Lotus како опција нуди и 6-степен автоматик со што се добива и 20 Nm повеќе вртежен момент.

Evora GT доаѓа во комбинација со две или четири места (2 + 2) за седење. Во било која варијанта салонот доаѓа со комбинација од црна кожа и алкантара.

Тука е и мултимедијалниот систем со навигација и поддршка за AppleCar Play и Android Auto кои се контролираат преку 7-инчен дисплеј.

Моќниот Lotus има четири работни програми, сопирачки AP Racing, Bilstein прилагодливи амортизери, како и гуми Michelin Pilot Spot Cup 2 поставени на 19-инчни алуминиумски фелни со десет краци.

Да ги споменеме и електрично прилагодливите ретровизори со грејачи на огледалата, Bi-xenon фаровите, LED светлата за дневно возење, овалниот издув…

Почетната цена на Evora GT е 96.950 долари, но за жал наменета е само за Северна Америка.