Алехандро Месонеро-Рамос е новиот шеф на одделот за дизајн во Alfа Romeo

Ова е уште еден доказ дека Stellantis има сериозни намери да го оживее „потклекнатиот“ италијански производител. Прво, за извршен директор е поставен Жан-Филип Импарато, човекот кој со голем успех го водеше Peugeot, а сега пристигнува уште едно засилување. Месонеро-Рамос работеше кратко за групата Renault, односно Dacia. За романската марка го дизајнираше концептот Biggster и тука завршуваат сите неговите креации, затоа што сега има нов работодавач.

Сепак, далеку порелевантен факт за работата е неговиот ангажман во Seat. Под водство на Месонеро-Романос, шпанската марка целосно го смени имиџот и стана една од брендовите со далеку најатрактивна гама на возила.

Италијанските професионални медиуми пишуваат дека Месонеро-Рамос се соочува со голем предизвик во Alfa и дека тој ќе биде одговорен за создавање на нова дизајнерска насока во таа компанија. Што точно тоа значи, останува да покаже времето. Јасно е дека моделите Giulia и Stelvio се едни од најубавите, ако не и најубавите модели во нивните класи, но тоа не помогна многу во продажните резултати.

Првиот проект на Месонеро-Рамос треба да биде мал SUV модел од Б сегментот, кој ќе биде поставен на платформата CMP на поранешната групација PSA. Овој кросовер ќе има и електрично издание, но не треба да има драстични промени во дизајнот помеѓу двете варијанти. Покрај тоа, Италијанците веруваат дека шпанскиот дизајнер ќе биде задолжен за изгледот на новата генерација на Giuliette, односно идниот хечбек во сегментот Ц.