Веднаш на почетокот треба да се нагласи дека луксузната филијала на Toyota, јапонската луксузна марка Lexus, минатата година го заштити името LBX во Европа

Иако немаше официјална потврда, уште тогаш некои извори претпоставуваа дека станува збор за ознака за нов концептен автомобил на Lexus, додека серискиот модел очигледно може да го носи Lexus BX.

Новите вести велат дека BX всушност ќе биде верзија на новиот Toyota Yaris Cross, што значи дека во гамата на марката ќе заземе место под актуелниот Lexus UX.

Исто така, значи дека ќе ја користи платформата GA-B и хибриден погонски систем со 1,5-литарски бензинец.

Доколку оваа вест се покаже како вистинита, овој нов мал Lexus треба да се појави во текот на 2023 година, по цена од околу 30.000 долари. Се очекува да се продава во Европа, Јапонија и Австралија.