Суптилни дизајнерски корекции проследени со значително поголеми во салонот и во областа на технологијата

На прв поглед, се чини дека нема значителни дизајнерски интервенции на надворешноста, но тоа останува само на прв поглед. Jaguar ја имплементирал Matrix LED технологијата во предната светлосна групација, со два нови светлосни потписи. Мали измени има и на решетката, а отворите за воздух се поголеми од порано, што на возилото му дава малку поагресивен изглед во споредба со моделот пред рестилацијата.

Британците го ревидирале и изгледот на задната светлосна групација, која го содржи истиот светлосен потпис како оној на предниот дел од возилото. Воедно, рестилизација претрпел и задниот браник.

Вистинските промени се сепак во самата кабина. Пред возачот е комплетно нов мултифункционален волан, голема 12,3-инчна дигитална инструмент табла, додека на централната конзола има 11,3-инчен дисплеј за контрола на инфо-забавниот систем.

Освежениот теренец сега има активен систем за намалување на бучавата што доаѓа однадвор, како и нов систем за филтрирање на воздухот што влегува во возилото однадвор. Тука се и новите седишта со масажа.

Британците се решиле да понудат широк спектар на погонски агрегати потпомогнати од благ хибриден систем. Во зависност од пазарот, во понудата ќе има 2-литарски турбо бензински мотор со 250 КС (единствен без MHEV), како и 3-литарски бензинец со шест редно поставени цилиндри и 400 КС. Појакиот дизел е потентен 6-цилиндерски турбо со 300 КС, додека послабиот е 2-литарски во две варијанти со 163 КС и 205 КС.

Најголемата новина е plug-in хибридната варијанта која комбинира 2-литарски SUS-агрегат и еден електромотор со батерија од 17,1 kWh. Од Jaguar наведуваат дека возачот на располагање има големи 405 КС и 640 Nm, а забрзувањето до „стотка“ е за точно 5 секунди.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1KYzz2IKqlNnyO-QU6iR3tT8Vpj-9qMN_” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Сите единици во понудата се спарени со 8-степен автоматски менувач кој моќноста ја испраќа до сите тркала.