Nissan Z е попривлечен и поатрактивен од кога било досега

 

Сегашниот 370Z на пазарот дојде во 2009 година, поради што може да се каже дека е вистински автомобилски „метузалем“. Токму затоа, од компанијата го добивме првиот увид во очекуваниот наследник или барем во неговата рана верзија, затоа што, името само кажува, пред нас е прототипот – Nissan Z Proto.

Голем дел од деталите како ретро стајлингот, модернизиран ентериер и twin-turbo V6 моторот, сигурно ќе го најдат своето место во серискиот Nissan Z, тогаш кога ќе се појави на пазарот, а тоа би требало да се случи некаде следната година.

„Срцето“ на прототиопт е twin-turbo V6 мотор. Со оглед дека сè уште е концепт, работниот волумен и моќ остануваат мистерија. Меѓутоа, ако направиме аналогија со моторот од моделот Infiniti Red Sport, може да се очекува коњаница над 400 „грла“.

Оваа бројка може да се претстави како значително подобрување во однос на 370Z, кој во својата најмоќна верзија NISMO има „само“ 355 коњски сили. И не само тоа, бидејќи кога новиот Z ќе излезе на сцената, тој ќе биде повеќе од релевантен играч во споредба со конкурентите како што е Toyota Supra.

Новиот twin-turbo V6 во Z Proto е спарен со 6-степен мануелен менувач, а моќноста се испраќа до задните тркала. Од Nissan велат дека развиваат и автоматски менувач.

Ако се навратиме на изгледот на Nissan Z Proto, тој е еден вид почит кон поранешните икони. Светло жолтата боја со бисерен ефект евоцира спомени на првата генерација 240, додека продолжената хауба, со кружни LED фарови и квадратна решетка за ладилникот, ги комбинира карактеристиките на другите Z модели. На капакот на багажникот има дури и значка „Fairlady“ Z.

Задниот дел на Z Proto е можеби највпечатливиот аспект кога станува збор за надворешноста на возилото, а чие дизајнерско решение инспирацијата ја црпи од 300 ZX од 1990-тите.

Сепак, не е сè ретро. Тука се многуте карбон елементи, а самото тело се потпира на тркала од лесна легура, со димензии од 19 инчи, додека тандемот краеви на издувните цевки е одговорен за „демонстрација на моќност“.

Во однос на големината, Nissan Z Proto е всушност нешто поголем во споредба со сегашниот 370Z, особено кога станува збор за должината. 

Внатрешноста не е ретро-стилизирана како надворешноста, но обезбедува чиста, минималистичка поставка со повеќе екрани. Во „срцето“ на кабината се наоѓа таканаречениот „deep dish“ управувач со три краци и логото „Z“, заедно со бројни контролни единици од двете страни.

Седиштата се тапацирани со мешавина од Алкантара и кожа, со жолти шевови кои исто така се пренесуваат на работ на воланот, рачката на менувачот и централната конзола. Како и неговиот претходник, Nissan Proto Z има само две места за патници.

Кога станува збор за технологијата, зад воланот е сместен новиот 12,3-инчен дигитален инструментален кластер, кој ги заменува застарените аналогни индикатори. Тука е и новиот екран осетлив на допир со дијагонала веројатно од 9 инчи. Секако, инфо-забавниот систем е најновиот производ на јапонската компанија, а трите кружни индикатори над централниот екран, се на врвот од контролната табла.

Nissan Z Proto е концепт, но како и да е, очекуваме сериската верзија, која ќе се појави следната година како модел од 2020 година, да не отстапува многу од она што сега може да се види, вклучувајќи го и twin-turbo V6 моторот. 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1tAhGv9v7aZZko38vMRwn7fvAw0irl-w8″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Повеќе детали поврзани со спецификациите и цените, ќе дознаеме кога се приближи датумот за премиера на сериската верзија.