Цените на половните автомобили во Германија се на рекордно високо ниво, а причина за тоа се проблемите во глобалниот синџир на снабдување

Недостигот од чипови и други делови ги принуди производителите како Mercedes и Volkswagen да го забават производството, а на пазарот има се помалку нови возила. Инфлацијата е дополнителен притисок.

Цените на половните автомобили во Германија, која е најголемиот автомобилски пазар во Европа, минатиот месец се зголемиle за 27 отсто, во споредба со истиот период лани. Просечната цена е повисока од било кога и изнесува 31.801 еврa.

Сепак, производителите остваруваат значителен профит и покрај споменатите проблеми. Причината е зголемувањето на цените. Има значително помалку користени автомобили, бидејќи тие се продаваат побрзо. Во просек се продаваат за 73 дена, а претходната година за 103 дена.

Инфлацијата во Германија расте и е највисока од обединувањето на земјата во 90-тите години, пренесува Bloomberg.