Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,92% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 03.05.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,293 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 53,587 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,498% или за 37,850 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 3,023% или за 34,600 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,262 % или за 35,900 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,555% или за 9,800 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,2592 ден/$ и е за околу 1,290 % повисок од курсот на доларот (57,5170 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.