Се започнало на автопатот А3 каде останале без гориво и решиле да го туркаат автомобилот до излезот од автопатот

Пред десет дена на автопатот во близина на германскиот град Регенсбург се случила неверојатна драма. Откако испиле премногу алкохол во локалното кафуле, двајца Германци влегле во автомобилот и тргнале во својата пијана авантура. Меѓутоа многу брзо двоецот завршил во полициска станица.

Сè започнало на автопатот А3 каде останале без гориво и решиле да го туркаат автомобилот до излезот од автопатот, но нивниот план бил спречен од полицијата која на лице место ги тестирала на алкохол и открила дека во себе имаат 2,5 промили!

Според полицијата и германските медиуми, пијаниот двоец бил однесен во полициска станица, а во текот на ноќта во болница на земање крв.

И тогаш настанува хаос.

По пристигнувањето во болницата каде ги пречекал лекар со игла во рацете, приведениот двоец „полудел“. Во напад на паника почнале да фрлаат работи наоколу и да бегаат од болница викајќи дека никогаш нема да се вакцинираат против корона!

Полицијата тврди дека возачот и совозачот биле толку пијани што мислеле дека докторот сака да ги вакцинира.

Полицијата навела дека никој од нив немал важечка возачка дозвола и дека меѓусебно се обвинувале за тоа кој го возел автомобилот.

Дискусијата за вакцинацијата и овој пат се прелеала на социјалните мрежи од германските портали каде доминираат коментарите за новото антиваксерско лудило. Од друга страна, антиваксерите одат дотаму што тврдат дека „токму оваа експериментална вакцина предизвикала краток спој во главата на несреќните пијаници“.