Серџо маркионе постхумно е прогласен за личност на годината во автомобилската индустрија, со што уште еднаш му е оддадена почест како еден од најдобрите шефови во автомобилската индустрија

80 членови на жирито од 24 светски земји за Светскиот Автомобил на годината избрале помеѓу бројни директори и менаџери, но во конкуренцијата во која номинираниот кој спаси Fiat од пропажање, се чини никој друг и немаше шанса. Повеќе од тоа, Маркионе е главниот „кривец“ за спојувањето на Fiat и Chrysler во еден од најголемите производители на автомобили. Не треба нит да се напоменува дека паралелно управуваше и со Ferrari кој потоа тргна по свој пат.

Наградата, во име на Маркионе, му е предадена на неговиот наследник, актуелниот шеф на FCA групата, Мајк Манли.

„Тој не беше луксузен човек, тој претпочиташе посветеност на компанијата во која работи 14 години и создавање на лидерство кое ќе го носи неговото наследство“, вели Манли, меѓу другото.