![Покојниот шеф на FCA прогласен за личност на годината во автомобилската индустрија](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/03/sergio-marchionne.png)
Покојниот шеф на FCA прогласен за личност на годината во автомобилската индустрија
Серџо маркионе постхумно е прогласен за личност на годината во автомобилската индустрија, со што уште еднаш му е оддадена почест како еден од најдобрите шефови во автомобилската индустрија
80 членови на жирито од 24 светски земји за Светскиот Автомобил на годината избрале помеѓу бројни директори и менаџери, но во конкуренцијата во која номинираниот кој спаси Fiat од пропажање, се чини никој друг и немаше шанса. Повеќе од тоа, Маркионе е главниот „кривец“ за спојувањето на Fiat и Chrysler во еден од најголемите производители на автомобили. Не треба нит да се напоменува дека паралелно управуваше и со Ferrari кој потоа тргна по свој пат.
Наградата, во име на Маркионе, му е предадена на неговиот наследник, актуелниот шеф на FCA групата, Мајк Манли.
„Тој не беше луксузен човек, тој претпочиташе посветеност на компанијата во која работи 14 години и создавање на лидерство кое ќе го носи неговото наследство“, вели Манли, меѓу другото.