Во фабриката лоцирана во јужен Велс, од 2019 година, британскиот производител ќе го произведува конкурентот на Lamborghini Urus

Aston Martin го објави првото видео во кое ја покажува внатрешноста на својата најмодерна фабрика – погонот во Св. Атан, кој официјално ќе биде отворен во последниот квартал од 2019 година, кога и ќе започне производство на првиот кросовер во историјата на Aston Martin.

Моделот DBX ќе се изгработува на место каде до неодамна се наоѓале хангарите на Министерството за одбрана на Британија, а сега овој простор е трансформиран во модерна фабрика.

Покрај кросовер моделот, Aston Martin во овој погон планира да ги произведува и своите електрични модели.

Фабриката се уште е во фаза на изградба, а во моментов има околу 100 вработени. Кога погонот ќе биде завршен, ќе бидат вработени околу 200 работници, а на почетокот од 2020 година ќе се вработат и над 700 лица.