Поглед внатре во најлуксузниот блиндиран теренец / ВИДЕО
Отпорен е на куршуми, гранати…, па не е ни чудо што цената е навистина висока
Канадски експерт за блиндирање на возила својата понуда ја збогатил со новата преработка на Mercedes G-класата. Популарниот теренец компанијата Inkas Armored веќе го има понудено во луксузна и продолжена верзија, за сега да понуди подобрувања во сите сегменти.
Највоочливото е луксузот. Mercedes-AMG G63 по обработката е подолг од 6 метри, со ширина и висина на ниво од два метра. Тоа не значи само моќна изведба, туку многу внатрешен простор кој може да биде опремен со чист луксуз. Во овој случај, просторот е ограничен само на двајца патници кои ќе се возат во огромни, електрично прилагодливи фотељи со наслони за нозете.
Сите површини се направени во комбинација со кожа и алкантара, а опремата е прва класа. Тоа вклучува 4К LED телевизор со Ultra HD резолуција, со интегриран Apple TV и Apple Siri гласовен систем за управување. Автоматизиран е минибарот со фрижидер, како и осветлувањето кое со функциите за масажа се решение за акумулираниот замор во телата на патниците.
Кога станува збор за заштита, овде станува збор за ниво BR7 (CEN 1063), што значи отпорност на оклопот на калибар 7,62 милиметри, како и рачни гранати. Просторот околу возилото го снимаат камери за надзор, вклучувајќи IC и термички, така што на ова возило не може неочекувано да му се приближите.
Очекувано, цената е висока. Ако го сакате, подгответе минимум 1,2 милиони долари.