Роналдо се пофали со нов автомобилски „ѕвер“
Кристијано Роналдо ги сака автомобилите
Тоа е сосема јасно, откако неодамна беше објавено дека тој ќе го купи најновиот модел на Бугати за 11 милиони евра, но тоа нема да биде единствена нова „машина“ на португалскиот фудбалер на Јувентус.
Возниот парк на Роналдо чини неколку десетина милиони евра, а најновиот додаток со кој тој се пофали е Мекларен Сена, со сума од точно 1 милион долари.
Автомобилот има 4-литарски твин-турбо В8 мотор со 789 коњски сили и е дел од програмата на супер-автомобили на Мекларен, кои иако имаат проблеми во Ф1 шампионатот, бизнис-делот им оди одлично.
На Инстаграм, Роналдо напиша едноставно: „Уживање“, додека неговиот добар пријател и поранешен клупски колега од Реал Мадрид, Марсело го праша: „За ова играше фудбал?“.
Извор: Топспорт.мк