Ferrari повторно е освојувач на титула во меѓународниот избор за мотор на годината (International Engine of the Year), пред електричниот погонски систем развиен од страна на jaguar и моќната V8 единица од Mercedes-AMG.

Ова е четврта година по ред како триумфира Ferrari, нешто што досега не му пошло од рака на ниту еден друг производител. Пред Италијанците, само уште на Ford успеал да стигне до престижната титула три пати по ред со нивниот EcoBoost мотор со волумен од еден литар.

Оваа година е првата во која е имплементиран нов систем за категоризација на мотори. За разлика од претходно востановената традиција, овој пат тие погонските единици се распоредени во сродни групи во зависност од нивото на моќност која ја генерираат, а не според распоредот и бројот на цилиндри.

Biturbo V8 моторот од 3.9-литри од моделите 488 GTB и Pista, заработил 425 поени во генералниот пласман, што е значително повеќе од 328-те поени за електричниот мотор во Jaguar I-Pace, како и од V8 со волумен од 4-литри во Mercedes-AMG (280 поени).

„Сега кога Ferrari ја обезбеди титулата четврти пат по ред, успеа да го зацврсти својот статус во идните учебници по историја“, вели Дин Славниќ, ко-претседател на International Engine and Powertrain of the Year. „Искрено, се сомневам дека некој ќе успее да го повтори ова достигнување во иднина“.

Во продолжение победниците по категории:

Извор: International Engine and Powertrain of the Year

Loading...