PM 2.5 честичките се причина за смрт на повеќе од 300.000 луѓе годишно во ЕУ!
Агенцијата за животна средина на ЕУ (ЕЕА) проценува дека во 2019 година околу 307.000 луѓе во Европската унија починале предвреме поради загадување на воздухот со ситна прашина (PM2.5)
Според ЕЕА, квалитетот на воздухот во Европа сепак бил подобар во 2019 година отколку во 2018 година, но, бројките се сè уште лоши (307.000 предвремени смртни случаи од ситна прашина, 40.400 други поради хронично загадување со азот диоксид (NO2) и 16.800 со приземен озон О3) .
Сообраќајот игра голема улога во сите овие загадувања.