Соединетите држави имаат голем проблем со возењето во алкохолизирана состојба, но тоа и не е новост. 

На патиштата низ САД, во сообраќајни несреќи годишно умираат околу 40.000 луѓе, а повеќе од една четвртина се предизвикани од пијани возачи. Дури и оние кои не завршуваат со судир, ризикуваат голема парична казна (околу 10.000 долари) ако бидат запрени од полицијата.

Група на млади луѓе го решила „проблемот со алкохолот“ со поставување на Tesla Model S во режим на возење познат како „авто-пилот“, за потоа да продолжат да пијат додека автомобилот се движи по автопатот. Краткото видео е објавено на веб-платформата TikTok од страна на корисниците под прекарот „blurrblake“, а како што јавуваат многу медиуми, ова не е прв пат овој млад човек да се снима себеси како прави глупости.

Како и да е, додека Model S се движи со над 100 km/h без никој на возачкото место, четири лица „танцуваат“ со музиката на Џастин Бибер и продолжуваат да се опиваат. Многумина се прашале кој од нив би бил казнет за возење во пијана состојба, доколку ги запрела полицијата. Одговорот е непознат.

Како и да е, законите во САД се строги на само кога е во прашање возење под дејство на алкохол туку и во однос на употребата на функцијата авто-пилот, па така, без оглед на таквото име, потребно е возачот да се наоѓа на предното седиште и да биде подготвен да реагира доколку се појави потреба.

https://youtu.be/8npiTkhISHQ

Што се однесува до нас, ние може само да се придружиме кон сите оние кои го осудуваат настанот. И тоа по многу основи. А вие?