![Peugeot: PSE наместо GTI](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/08/Peugeot-508-Sport-Engineered-production-spec-17.jpg)
Peugeot: PSE наместо GTI
Новата генерација на спортски модели на Peugeot ќе ја носи етикетата PSE наместо досегашниот суфикс GTI
Промената не е само во ознаката, туку и во концептот: PSE ќе биде симбол на спортско Peugeot со хибриден погон.
Првиот модел кој ќе го добие акронимот Peugeot Sport Engineered во ознаката е Peugeot 508 PSE. Санува збор за plug-in хибрид, кој комбинира електричен погон со 4-цилиндерски турбо бензинец. Перформансите се уште не се познати, но се шпекулира дека 508 PSE ќе располага со 370 КС.
За споредба, стандардните верзии на Peugeot 508 се напојуваат со мотори со моќност помеѓу 130 и 225 „коњски сили“. Сериската верзија на Peugeot 508 PSE ќе биде претставена на почетокот од 2021 година, по цена од околу 60.000 евра.
Покрај тоа, Peugeot ќе понуди голем број други PSE верзии кои се опремени со plug-in хибриден погон или целосно електричен погон. Намерата е да се претставува еден PSE модел годишно – 208 PSE, 2008 PSE, 308 PSE и 3008 PSE.