Peugeot ја зголемува гамата на целосно електрични модели со 2021 e-Rifter MPV / ФОТО
Практичниот Rifter добива префикс „e“ во името, што значи само едно – електричен погон.
Ова значи дека главните новини се под каросеријата, а тие вклучуваат моќен електромотор со моќност од 136 КС со достапен вртежен момент до 260 Nm. Доаѓа во комбинација на батерија од 50 kWh, што според WLTP е доволна за автономија од 275 километри со едно полнење. Тука ќе споменеме дека забрзувањето со 100 km/h изнесува 11,2 секунди, а максималната брзина е поставена на 134 km/h.
Што се однесува до полнењето на батеријата, опциите се од еднофазно полнење од 7,4 KW, преку опционално трифазно од 11 kW, сè до тоа преку брзи полначи до 100 kW. Во овој случај, полнењето од 5 до 80% трае половина час, на трифазен полнач 5,5 часа, а на еднофазен 7,5 часа. Ако го поврзете со стандарден приклучок, полнењето трае 31 час (8А) или 15 часа (16А).
Меѓу интересните работи поврзани со погонот, вреди да се спомене режимот ECO, кој го ограничува моторот на 82 КС и 190 Nm, Normal на 109 КС и 210 Nm, и Power со претходно наведените вредности. Ако го изберете последниот режим, товарoт може да стигне до 750 килограми.
Постојат и два режима на сопирање со прилагодени начини за полнење на батеријата со енергијата која се создава при сопирање: умерено за чувство како во возило опремено со мотор со внатрешно согорување и силно што се постигнува со притискање на копчето B (Brake) на менувачот за посилно забавување.
Peugeot e-Rifter ќе се нуди во две должини на каросеријата (4,4 и 4,75 метри), и можност за транспорт на пет до седум лица или до 4 кубни метри товар. Пазарно најинтересната пократка верзија со пет седишта на пазарот има багажник од импресивни 775 литри.
На крајот неколку збора и за салонот, опремата, безбедноста…, а тоа значи i-Cockpit, 8-инчен екран на допир од мултимедијалниот систем, интеграција на смартфон, камера за возење наназад и мноштво опрема за асистенција на возачот, како предупредување за напуштање на сообраќајната лента, автоматско предупредување за судир, автоматско сопирање во итни случаи, препознавање на сообраќајни знаци и препорака за прилагодување на брзината, мониторинг на слепа точка, контрола на стабилноста, помош при поаѓање по нагорнина…