Се е во тимската работа

Голем дел од Америка остана парализиран неделава од силните врнежи од снег и студено време. Особено тешко беше во Тексас каде што зимската служба се вложила максимално напор за одржување на проодност на главните патишта.

Следното видео кое доаѓа од Кентаки јасно покажува како се чисти автопатот таму. Вкупно седум возила чистачи на снег работат заедно за да го исчистат автопатот во една насока и по неговата целосна ширина, што вклучува три ленти и рабните делови од патот. Станува збор запатот I-75, важен коридор што ги поврзува Мичиген и Флорида. Кога се работи одговорно и тимски, се е поинаку.