Peugeot ја „освежи“ понуда на моделот 308, кој сега има побогата опрема, вклучително и i-Cockpit дигитални инструмент табла

По продадени 1,5 милиони единици и дури 43 меѓународни награди што ги има добиено од претставувањето во 2013 година, Peugeot 308 наскоро ќе пристигне во модернизирано издание кое, покрај дискретните визуелни промени, со себе носи и побогата опрема во ентериерот.

Пред се, тука е добро познатата дигитална инструментација i-Cockpit, по урнек на другите модели од повисока класа, како и централно позициониран дисплеј чувствителен на допир, во рамките на унапредениот инфо-забавен систем.

Новина е Vertigo Blue боја за каросерија, како и двата нови сетови на алуминиумски тркала. Исто така, тука се и трите пакети на опрема – Active, Allure i GT, како и дополнителен сет на опрема за секој, наречен Pack.

Во однос на погонските единици, бензинската понуда се состои од 3-цилиндерски, 1.2-литарски PureTech мотори од 110 и 130 КС, спарени со 6-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач, додека за дизел фановите на располагање е 1.5-литарски BlueHDi од 100 или 130 коњски сили, со истите типови на трансмисија.