MotoGP шампионатот го објави тркачкиот календар за тековната сезона, која беше прекинат поради пандемијата на коронавирус. Сезоната 2020 започнува во Херез на 19 јули

Сезоната во Moto2 и Moto3 веќе започна во Катар, додека за MotoGP истата допрва треба да започне во Херез на 19 јули. Ќе се вози за ГН на Шпанија, а само една недела подоцна ќе се одржи и трката за ГН на Андалузија.

Следната трка ќе се одржи во Брно, потоа две во Спилберг, две во Мисано, по еден во Барселона и Ле Ман, потоа потоа по две во Арагон и Валенсија. Втората трка во Валенсија е закажана за 15 ноември, а Дорна остави можност трки да се одржат и во Остин, САД, Аргентина, Тајланд и Малезија. Овие трки ќе се возат доколку е можно да се патува надвор од Европа.