![Peugeot го напушта светот на тенисот](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/03/djokovic-peugeot-scaled.jpeg)
Peugeot го напушта светот на тенисот
Францускиот бренд наскоро целосно ќе му сврти грб на белиот спорт
Peugeot донесе одлука да го раскине спонзорскиот договор со Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер преживеа вистински медиумски линч во поголемиот дел од светот. „Лавот“ очигледно не сака да има никаква врска со Ѓоковиќ, па го напуштија најдобриот тенисер на светот, но како што стојат работите всушност целосно го напуштаат овој спорт.
Во Франција се шпекулира дека Peugeot ќе ја прекине соработката и со турнирот Ролан Гарос, едно од четирите најголеми натпреварувања во светот на тенисот. Овој натпревар се одржува еднаш годишно во Париз, а Peugeot е еден од партнерите со години. Според последните информации неговото место ќе го заземе големиот ривал – Renault.
На тој начин Peugeot целосно ќе го напушти белиот спорт. Oчигледно е дека тенисот оваа година доволно ги истрауматизираl нивните оддели за брендирање и маркетинг. Renault се враќа на соработката со Ролан Гарос, а како ќе се одвива таа приказна останува да се види.
Овогодинешното издание на Ролан Гарос ќе започне на 22 мај и ќе трае до 5 јуни. Бранителот на титулата секако е Новак Ѓоковиќ.