Петтиот електричен VW ќе биде SUV со големината на Touareg
На Шангајскиот саем за автомобили во април следната година, Volkswagen планира да го претстави петтиот член на семејството I.D
Понудата во овoj се попопуларен автомобилски сегмент, Volkswagen наводно ќе ја заокружи со SUV возилот со големина на Touareg.
Како што пишува изданието Autocar, моделот кој во моментов ја носи ознаката ID Lounge ќе се базира на најновата верзија на Volkswagen MEB платформата.
Електричниот ID Lounge треба да има меѓуоскино растојание од 3.300 mm, седум седишта и ќе биде конкуренција на Tesla Model X кога ќе се појави на пазарот во 2021 година.
Погонот во ID Lounge ќе биде сличен на оној во ID Buzz, со кој ќе ја дели истата верзија на архитектурата MEB. Ова вклучува два електрични мотори, по едно за секое тркало, со вкупна моќност од 374 КС.
Батеријата треба да има капацитет од 111 kWh и да дозволи автономија од 600 km меѓу две полнења.
ID Lounge е еден од трите електрични SUV модели кои се планирани да бидат лансирани до крајот на 2022 година. Останатите два модели се базирани на ID Crozz, еден ќе има практичен дизајн, а другиот ќе биде купе верзија.
Првиот Volkswagen I.D. модел кој треба да влезе во сериско производство е I.D. Hatchback во 2020 година со 170 КС и забрзување од место до 100 km/h за помалку од осум секунди.