„Само затоа што возилото ви дава можност да направите нешто во текот на возењето не значи дека е безбедно за вас“, се вели во анализа на професот од Универзитетот во Јута

Речиси сите нови автомобили имаат вграден инфо-забавен систем или систем за забава и информации во текот на возењето. Сепак, студијата спроведена од Универзитетот во Јута открива дека таквиот систем често е комплициран, збунувачки и премногу го одвлекува внимание во текот на возењето. Дури и повеќе од паметните телефони.

Апликациите како што се Apple CarPlay или Android Auto, кои се поврзуваат со автомобилот, помалку го одвлекуваат вниманието на возачите и се полесни за користење во текот на возењето. Иако студијата укажува дека ова не значи дека се безопасни, тие се уште се побезбедни од технологијата што ја нудат производителите на автомобили.

„Apple CarPlay или Android Auto нудат бројни опции и функции кои се полесни за користење отколку оние што обично може да ги најдете во системот од производителот на автомобилот“, вели Дејвид Стрејер, професор на Универзитетот Ути. „Сепак, некои опции се уште премногу го одвлекуваат вниманието, а тоа ја загрозува безбедноста на возачите и патниците. Податоците покажуваат дека вртењето на погледот од патот на само две секунди двојно го зголемува ризикот од сообраќајна незгода“.

Главниот проблем е што повеќето инфо-забавни системи им овозможуваат на корисниците да вршат сложени задачи додека возат. Така, возачите можат да внесат дестинација во навигацијата или да испраќаат СМС пораки. За такви задачи е потребна концентрација, што значи дека возачот не е целосно фокусиран на она што се случува на патот. И паметните телефони ги нудат истите способности, но тие се побрзи во извршувањето на овие задачи, така што времето на намалена концентрација на возачот е пократко.

Производителите на автомобили треба да ги користат искуствата од CarPlay или Android Auto и да се обидат да ги подобрат своите системи, посочува Стрејер, но исто така предупредува дека програмирање на навигацијата или испраќање на текстуални пораки треба да се направи кога автомобилот е запрен.

„Само затоа што возилото ви дава можност да направите нешто во возењето не значи дека е безбедно за вас“, предупредува на крајот професорот Стрејнер.

Канцеларијата за национална безбедност на автомобилскиот сообраќај во САД веќе има издадена упатства за безбедно возење. Тие истакнуваат дека во текот на возењето треба да се исклучат високи перформантните опции како што се програмирање на навигацијата или текстуални пораки.

Возачите мора да користат здрав разум кога ја користат технологијата во возилото. Само затоа што нешто е достапно, не значи дека е безбедно да се користи. Паметните телефони и производителите на автомобили треба да работат заедно за да го намалат влијанието на технологијата врз концентрацијата на возачите, вели Џејк Нелсон од американската ААА.

Loading...