„Падна“ и првата забрана за постари дизел модели во Германија
Од 31-ви мај патничките и товарни возила опремени со дизел мотори кои не ги исполнуваат стандардот Euro 6 нема да можат да сообраќаат по некои од централните улици на вториот по големина град во Германија
Така, Хамбург стана првиот германски град кој спровел забрана за возење автомобили со постари дизел мотори, откако германскиот федерален суд во февруари одлучи дека градовите во таа земја имаат право на таква мерка.
Како што пишува Bloomberg, забраната стапува на сила на крајот од мај и на почетокот ќе се применува само на одредени асфалтирани улици и патишта во Хамбург. На овие патишта нема да биде дозволено да се движат возила со дизел мотори кои не ги исполнуваат најновите стандарди Euro 6, кои стапија во сила во 2014 година. Ова значи дека сите постари дизел мотори ќе им биде забрането да влегуваат во рестриктивните зони во Хамбург.
Во февруари, Сојузниот суд пресуди дека градовите имаат право да го забранат движењето на одредени видови возила – првенствено оние со дизел мотори – во области каде загадувањето на воздухот постојано е на високо ниво.
Тужбата беше покрената од страна на непрофитабилната организација за заштита на животната средина „Акција за заштита на животната средина“, соочена со зголеменото загадување во 70 германски градови каде што се забележани повисоки концентрации на азотни оксиди од дозволеното. Во тужбата, организацијата повика на стандарди кои се пропишани во Европската унија.
„За нас, проблемот со автомобилската индустрија е сличен на оној што некогаш сме го имале со тутунската индустрија, која со децении ги релативизираше фактите за штетните ефекти на чадот од тутун врз здравјето на луѓето“, вели Јирген Реш, директор на организацијата.
„Сметаме дека штетата предизвикана од азотните оксиди од дизел моторите за човечкото тело е последното нерешено прашање за загадување на воздухот во Германија“, додава Реш.
Инаку, од 15-те милиони регистрирани автомобили со дизел мотори во Германија, Euro 6 стандардот е присутрен само во 2,7 милиони.
Некои авто компании, како што се BMW, Volkswagen и PSA, на сопствениците на дизел автомобили од градовите каде што на овие возила ќе им биде забрането возење им понудија замена со соодветни бензински или Евро 6 дизел мотори.